Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лаврова оцени дека последните настани во Грузија многу потсетуваат на украинските протести на Мајдан во 2014 година.
Лавров за телевизијата „Канал 1“ изјави дека ситуацијата околу нацрт-законот за странски агенти во Грузија е само изговор за обид за насилна промена на власта, пренесува ТАСС.
„Ситуацијата е многу слична на Киевскиот Мајдан. Нема сомнеж дека противењето на предлог-законот за регистрација на невладините организации кои добиваат пари од странство во износ од над 20 буџети е изговор да се започне со промена на моќ на сила“, додаде Лавров.
Владејачката партија Грузиски сон денеска се откажа од законот за странски агенти, по тридневните демонстрации и немири во Тбилиси, во кои беа уапсени и ослободени над 130 лица.Москва протестите на Мајдан во 2014 година, кои резултираа со човечки жртви и промена на власта во Украина, ги нарекува државен удар.