Здравко Савески, поранешниот член на президиумот на Левица, на својот фб профил сподели статус кој е очигледен говор на омраза
Савески е познат во јавноста како учесник во шарената револуција, а против него беше подигната постапка за демолирање на канцеларијата на поранешниот претседател Иванов.
Тој на својот фб профил се обиде да се пресмета со своите неистомисленици во врска со вакцините против ковид. Отворено им се закани дека ќе ги тргне од пријатели, а ги навреди и либералите нарекувајќи ги идиоти кои промовирајќи слобода на избор, дозволиле некои групации да го користат тоа право кое според него ја загрозувало општата здравствена безбедност. Со тоа тој алудираше на потреба воведување на тоталитаристички режим од левичарски тип, каде што поединецот би морал да ги извршува наредбите на таквата власт.