Колумни

Леонид Савин : Бил Гејтс, вакцинација и чипување во знакот 666

Го пренесуваме текстот на еминентниот руски политички научник Леонид Савин за чудни коинциденции поврзани со вакцината против вирусот корона – објавен на Интернет порталот „Геополитика“

Постојат многу теории на заговор: некои веруваат во постоење на рептили што ја сочинуваат политичката елита во САД, други се убедени дека компанијата Кока-Кола ја користи крвта на христијанските бебиња за правење на своите пијалоци. Постојат очевидци на „chemtrails“ и застапници на носење алуминиумска фолија додека гледаат телевизија, со цел да се заштитат од деструктивните бранови што го мијат мозокот. Скептичен сум за тоа. Иако пророштвата во Библијата честопати се толкуваат како коментари за технолошко откритие или настан. Но, постојат и реални факти што е бесмислено да се побијат, со оглед дека се документирани. Овие вклучуваат постоење на групата Билдерберг, програми на ЦИА, како што е „МК Ултра“ или финансирање на сомнителни политички активности во голем број на земји од страна на Сорос.

ЧУДНИОТ ПАТЕНТ- Случајот што ќе го опишеме се однесува на официјално документиран факт, иако во него е очигледна и библиската нота. Тоа е патент кодиран под бр. СО / 2020/060606, регистриран на 26 март 2020 година. Барањето за регистрација на патентот е поднесено на 20 јуни 2019 година, од компанијата „Мајкрософт“, на чело со Бил Гејтс, а на 22 април 2020 година патентот се стекнува со меѓународен статус. Наречен е „Систем за криптовалентност, кој користи податоци за физичка активност“.

Кој е изумот за кој беше одлучено да го патентираат претставниците на компанијата „Мајкрософт“? На веб-страницата, во резимето на патентот, се вели: „Активноста на човечкото тело поврзано со задачата дадена на корисникот може да се користи во процесот на копање во системот за криптовалута“. Серверот може да додели задача на кориснички уред кој комуникативно е поврзан со серверот. Сензорот, комуникативно поврзан или сместен во уредот на корисникот, може да ја мери физичката активност на корисникот. Податоците за физичка активност можат да бидат генерирани врз основа на физичката активност на корисникот. Системот cryptocurrency, комуникативно поврзан со уредот на корисникот, може да потврди дека податоците за физичка активност ги исполнуваат условите пропишани со системот cryptocurrency (еден или повеќе) и да му обезбедат криптовалута на корисникот чијашто физичка активност е верификувана “.

Со други зборови, во телото ќе се вгради чип, кој има улога на контролно тело и го следи усогласувањето на карактеристиките на дневната активност на корисникот. Доколку се исполнети условите, лицето добива одредени бонуси, кои може да ги потроши на нешто.
Деталниот опис на „изумот“ дава 28 концепти за тоа како може да се користи дадениот уред.

Покрај тоа, претставен е список на земји за кои е планиран уредот. Ова се, всушност, сите земји членки на ООН, со специфични регионални структури – Европската канцеларија за патенти, Евроазиската патентна организација и две африкански организации за заштита на интелектуалната сопственост.

ПОД ЖИГОТ НА ЅВЕРОТ- Иако чипувањето на телото не е нешто ново – на пример, во САД веќе подолго време постои масонска програма за идентификација на децата и младината, а луѓето кои себеси се нарекуваат киборзи вградуваааат различни импланти – интересно е што Мајкрософт е вклучен во овој процес.

И зошто на патентот му го дадоа кодот 060606? Дали е тоа случајно или свесно избран знак, кој апостол Јован го нарекува жиг на ѕверот во Апокалипсата?
Името на Бил Гејтс сега постојано се споменува во контекст на неговите интереси во фармацевтските компании, вакцинациите и финансирањето на СЗО. Иако глобалистичките мас-медиуми се обидуваат да го истакнат Бил Гејтс како голем филантроп и да го заштитат со сите сили од напади и критики, за нив е тешко да ја сокријат целата пајакова мрежа на врски.

Постои уште еден проект поврзан со компанијата на Бил Гејтс. Тоа е проект за дигитален идентитет, Алијанса ID2020. На главната страница на страницата се вели дека проектот се занимава со прашања за дигиталното законодавство од 2016 година, а во 2018 година Алијансата работеше заедно со Високиот комесар на ООН за бегалци. Покрај „Мајкрософт“, Алијансата ги вклучува и Фондацијата Рокфелер, дизајнерското студио IDEO.org (канцелариите се наоѓаат во Сан Франциско и Њујорк), консултантската фирма Аксенчур и ГАВИ – Алијанса за вакцинација, компанија која активно се занимава со промоција и дистрибуција на различни вакцини ширум светот. Секретаријатот на Алијансата се наоѓа во Њујорк.

Интересно е што ГАВИ вклучува главно африкански и азиски земји. Во Европа, организацијата е активна само во Албанија, Хрватска, Молдавија и Украина и на Кавказ во Грузија, Ерменија и Азербејџан. Во исто време, ГАВИ е поврзана со фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, Светската банка, Светската здравствена организација и УНИЦЕФ. Сите тие се обележани како основачки партнери!

Од февруари 2020 година, ГАВИ исто така се занимава со прашања поврзани со корона вирусната инфекција. Организацијата ја предводи д-р Сет Беркли. Иако центарот ГАВИ се наоѓа во Женева, Беркли е роден во Њујорк, епидемиолог по образование и истражувачки соработник на Советот за надворешни работи. Кон крајот на 1980-тите, тој работеше во фондацијата Рокфелер. Покрај тоа, тој е во бордот на Њујоршката Фондација Акумен.

Значи, идентификувана е друга поврзувачка нишка. Теолошките толкувања на патентниот код можат да бидат оставени на теолошките експерти. Но, факт е дека постои длабока меѓусебна поврзаност на структурите, како што се Фондацијата Рокфелер, Мајкрософт, фармацевтското лоби и Светската банка, а да не зборуваме за услугите на постојните секундарни структури. Тие се обидуваат да ја играат улогата на наднационална влада, постојано нагласувајќи дека националните-држави не можат да се справат со епидемии, болести, проблем со глад, итн. Но, како што покажа искуството на Кина – можат. Само, на Запад, тоа не можат и не сакаат да го разберат, главно затоа што не сакаат да ја делат власта. А глобалистичките медиуми ќе ги продолжат своите информативни кампањи во кои виновниците ќе бидат насекаде, но не и на Запад. Очигледно е дека сега кога почнаа да се појавуваат дополнителни податоци за коронавирусот, активираа лажни вести за улогата на Кина во епидемијата и манипулацијата на статистиката.

Related posts

Leave a Comment