Летен сон
… Се приближив до ,, темницине ,, . Со секоj отпешачен чекор низ , темниците , jа насетував топлината на летниот ден и го гледав светлото кое навлегуваше од краjот на, тунелот под куќите , непосредно после,, Ураниjа,, . Продолжив накаj Сараиште , а ситниот , танец на Шива, се разигра на кожата изложена под силата на Cонцето.
На последната тераса ( само по редослед ) , пред полу-левото завртување накаj ,, Џез Инн ,, , под балдахините со ориентални орнаменти , здогледав , до болка , позната физиономиjа , со разбуштраена во пуцвал фризура и тажни ( речиси како каj Сталоне ) бадемасти очи. Беше тешко да се определи боjата на очите – бидеjќи тие , сконцентрирано ,гледаа навнатре . Белките како белки , исшпартани со црвени крвоносни патишта – кои завршуваа со ќор- сокаци.Неговиот предаторски ( со римски дизајн ) нос служеше како почетна точка во снизходувањето на две длабоки брчки , од лево и од десно ,кои се среќаваа на подбрадокот – придаваjќи му крушовидна форма на суб- образниот дел од лицето.
И , добро е што сонот ме донесе баш пред опишаната физиономиjа да го побара заслужениот одмор во салатницата , во коjа црвенееа од лутина охридските jабучари и зеленееа од намус домашните краставички – сведоци на срамниот казус.
На местото каде се наоѓаа неговите раце ( пред тие да се свлечат покраj телото ), имаше чаша – рокс , од каде се ширеше неодоливиот букет од ароми на велгошка- черешноjца , препечена. А , до неа, во непристоjна близина , пластично шише , во кое се меуреше наjголемиот неприjател на черешноjцата – водата ! Но , меурчината , живеалишта на CO2 и овоj пат се самореализирале ; го разнесле алкохолот насекаде и така брзо што алконаутот немаше можност да се насладува во вториот литар од препеченицата – маченицата.
Со акцент , оригинална сопственост на инспектор Клузо , г-динот обесилено подвикна: ,, Гарсон – но тоа беше како глас сред езеро , само галебите го слушнаа. Тоа беше воедно и знак дека се исклучува од оваа реалност; стен-баj ! И порано сум бил сведок на , средбите од трет вид , помеѓу преставниците на прагматичниот Запад и акумулираното Сонце на Македониjа. Но , оваа , питорескална, слика од едициjата ,, Хавариjа ,, можеше да биде дело само од големиот маjстор на надреалното – Ракијата !
,, Не-веро-факинг-ватно !- беше првата мисла родена како резултат на виденото. ,, Не е возможно … Jунф… пардон , Jункер на Сараиште ??? Но , потоа го активирав кефалово и 2+2=4. ,, Логично , на гости е доjден каj Тони. Ама , газдата , не го чактисав. Сигурно е сполтен некаде , во исчекување на , сточниот ветар, ( не е во никаква родбинска врска со претседателот ) од над Петрино. Секоj момент градот на Белото Езеро беше подготвен за него.
На левата диjагонала од алконаутот, на ,дебело, тапациран отоман , во турска верзиjа на ,, лотосовата поза ,, седеше Буjар со гланц ново тупе кое се вееше над фронталната коска од главата, Тупе-то беше дел од колекциjата ,, Лурдистан 2020,, Седеше Буjар со мечтателен поглед свртен преку Големата Вода и свиреше на ут. Остинав… Во композициjата ( верно , ќе да беше лирична , солзи искрени му се спуштаа вниз )коjа штотуку звучеше го препознав ,, Ѓаволскиот Акорд,, . Но , тоj можеше да биде отсвирен само во присуство на по шест прсти од обете дланки (прашаjте го М. Павиќ , ако не верувате )… Или , виртуозот на жиците беше горд сопственик на опаш… Блескавиот маникир беше посилен од погледот на внимателниот набљудувач … Можеби затоа не можеше да го изброи количеството на прсти во посед на маестрото.
Надвор од балдахините и покраj зародишот – Сточен ( не, не е претседателот -Трипати , С, ) Jарило – жареше – нешеговито , а водата , во краjбрежниот дел беше топла и изматена од посоjаното движење на капачите и капачките. Покраj тоа , топлината на водата и коефицентот на неjзина провидност е во право- пропорциjален однос со количината на политичари на плажата. Постоjат и мислења ; елементарен недостаток на санитарни пунктови , би можела да е причината – велат.
Две познати индивидуи играа во ,, ватерпол-викториjа ,, на мали голчина. Заради неможноста да произведат ,, шкаре ,, и се подигнат барем до поjас над вода , спортсмените беа клекнати и на врвовите од ножните прсти се предвижуваа низ водата.Заради ,, мртвиот бран ,, коj предизвикуваше нежно лелеење на водната површина , нивните движења беа тетеравливи и несигурни. , Микасата , беше преголема за нивните дланки и се финтираа со конвулзивни движења на телата , наместо лесни и плавни замави со раката – држател на топката. Нивните ,, дресови ,, беа традиционални ; Али Ахмети во – бела капица , Зоран Зае( стално се думам ; В или Б да jа допишам на краjот од презимето )- сина капица .
На неколку чекори кон каj Нонета , МНР се спремаше да постави како мамец, вафел-бриселски , на jадичето подарено од агентот Стеклов во затемнетата канцелариjа на командното место ,, Хиперураниум ,, – Криволак. Неговата упорност да улови барем килограм , гомноjадки , ( кои МНР-то ги диспрепозна како плашици ) беше ,, минирана ,, од погрешниот избор на мамец и големината на jадичето , коjа е неадекватна за актуелниов риболов. Спортски , се разбира . ,,Фати , бакни , отпушти- се вртеше во когнитивниот простор на МНР.
На палубата , од пафосната jахта се вееше ситен мини-вал во жолта боjа , а од сончевиот рикошет , групиран како сноп од мини-ласер, коj беше дисперзиран од ,моќните ,наочни леќи наглавени на опишаниот жбун во jахтата , почна да тлее секоj еден преставник на откинатата езерска флора …
Водата под моите ноѕе почна да се предвижува и некои ситни ,, животинки ,, ми ги гризеа прстите на нив. Со голем напор ги ,, одлепив ,, очите и го видов прекорот во погледот на Потапина ( нашата кучка ). Да , време и е за олеснување на бабулето , за намалување на притисокот во него , станувам … станувам… само уште една минутка…
Зоран Курљан