Колумни

ЛИДИЈА ЃОРЃЕВИЌ: КРАТОК Е ОВОЈ ЖИВОТ

Можно е да е слика од 1 лице и цвет

 

 

❤️Краток е овој живот, краток е. За сите непоправени грешки и за сите гушкања со симпатичните, драги луѓе.
🧡Краток е овој живот, краток ми е за сите непрочитани книги и мудри мисли.
💛Краток е овој живот за многу некажани”те сакав и те сакам”,за многу “извини”.
💚Краток е овој живот за многу патувања и со авион, и со ум, и со срце, и со ….душата На крајот само душата и Бог ќе знаат што ни било потребно.
🤎Краток е овој живот за с’е шо не напраивме од “немукает”-не се видовме, не ги слушнавме, не ги прашавме сите оние кои ги сакаме”Како си, Се е ок, ти треба нешто?”
💙Краток е овој живот за “Ќе направиме…..после две, три години”Хах!
Ех да можеме ” Од горе”да си ги видиме децата и внуците среќни!Ех да можеме на свадба да им играме(без маски)!
💛Краток е овој живот за нашата несвесност.
💜Краток е овој живот за да се расправаме.
🤎Краток е овој живот за да тераме”мак на конац”, за да мрчам зошто бре ова е лево, а не десно.
❤️Краток е овој живот за сите на кои треба да им кажам “фала ти”,ти благодарам де.
🧡Краток е овој живот за с’е креативно што можевме да направиме: Да напишеме расказ, роман, да нацртаме слики, да фотографираме време и моменти,да засадиме цвеќе и дрвја, да замесиме кифлиња,, топло левче,да научиме да играме салса или танго, онака, со страст, да слушаме или искомпонираме музика или да отпееме музика, или од животот да направиме музика!(Ахаа! Арно ти текна последново главо луда)
💛Краток е овој живот, а нам не ни текна на милосрдие, само на стомакоугодие. Зошто ми дремат куп алишта во подрум!? Дека сум мрзлива! Сега на нив ми текна, и од време на време.Кретен!
❤️Краток е овој живот за сите спојки на друштвата од нашите деца во летна приквечерина во мојот двор, во замислениот дом во Моклиште покрај реката кадешто ќе ни уживаат децата или децата на нивните деца, нашите внучиња. Мики ќе свири на гитара, ние ќе им правиме ќефои и скара, они ќе не зезаат, а сите ќе се смееме.Така требаше да биде нели?
💚Краток е овој живот за допрва да станам спортски лик, хм, можеби и не е.

❤️❤️❤️Те жалам највеќе што памет не ти дојде, што не живееш во реалноста(ова татко ми се уфрли кога го прашав за што жали)🐑

☺️Хм…ова ко реквием да ми е?😁
Тогаш….

❤️Краток е животот за сите изгрејсонца и зајдисонца што не сме ги имале заедно.
❤️Краток е животот за да не ги дослушнам сите твои ќикотења од барем десет минути со вообичаеното: Паметна моја блесавице! Ма тоа е оксиморон бре и прекини да ми се ќљафтиш!💋

Е краток е, ама па кај Отецот е рајот! ☀️
И ако не денес, утре сите ќе си отидеме во дупчето, а душата Горе.

Краток е овој живот за ПОКАЈАНИЕ! ЕХ, ШТО ГЛУПОСТИ НАПРАВИВ/МЕ!

ГОСПОДИ ПОМИЛУЈ!🙏🙏🙏

Лидија Ѓорѓевиќ

 

Related posts

Leave a Comment