Ние сме ” ни вода ни киселина”. Во с’е! Тоа е синоним на “за никаде”- во с’е! Ние сме ни вода ни киселина како народ, зборувам за народов во денешницава ни. Како држава од кога ја добивме на тацна па до сега кога ја раскрчмивме.Не продадовме! Раскрчмивме!
Горат луѓе поради корумпирани …што да кажам? Луѓе? Луѓе ли се?Човекоиди(оти)?
И никому ништо. Никому мислам на (не)одговорните за овие трагедии.
Никој никогаш од нив не лежел во затвор, ниту пак мува не го лази иако мувите највеќе сакаат гомна. Замислете, иако тешки гомна ни мува не ги лази.
Дали е нормално или ненормално не знам, но мене после она вчера прво ми се стегна грутка во грлото заради потаманетите семејства, да, потаманети од човечки фактор, а не “судбина” или” несреќен случај”, ама уште поголема болка почувствував за нивните ” живи” останати- мајки, татковци, баби, дедовци…Што да мисли, чувствува, каже, исплаче онаа баба која си ја видела рожбата и целото свое потомство мртво? На најгрозен можен начин- живи изгорени?
А и оние чии роднини кои исто така живи изгореа во болницата, ги шибнаа по година дена во затвор дека протестираа на правди Бога!
А што ќе каже? Ќе гледа во една точка цел останат живот без деца, без внуци со кои до вчера и беше весела куќата. Дали може да тужи некого во оваа вукојебина од територија? Не.Веднаш после “тужи”ја повратив РУСКАТА салата која ја фурна на нервна база .
Што монструми сте бре за некоја ситна парица, па и крупна да е, да го дозволите ова и пак мува да не ве лази?
А што да се каже за оние кои умираат по болниците? А нивните блиски? Неизбоцкани немавме толку жртви како избоцкани. И со две, и со три дози.
“Интересно” ми е како бре ниту еден пУлитичар не умре од ” ковид”.И тоа без маски се шетаат замислете!Баш е чуден овој ” вирус” не напаѓа политичари. Ко мувата.Лајнарка.
После скоро 8000 мртви на” миљонипол”народ, едно маало у Кина де:
“Каде ќе ви оди душата?” во моментов ми се чини како најглупавото прашање.
Нејсе, сакате да се кладиме дека за три дена с’е ќе се заборави?Дека сме такви- ни вода, ни киселина”!
За протести сме смејурија. Цел свет на нозе, ние у кафиќите и трговските центри. Баш не заболе шо ќе дојде време да немаме пристап во маркети леб да си купиме или што ќе снема струја.Добро, кога ќе снема струја ќе снема и интернет па тогаш можеби ќе ви текне.
Туку нам кај ќе ни оди? Нам кои сме ни вода ни киселина?
Лидија Ѓорѓевиќ