Мисли

Лиле Прочкова : Богатството е во душата на човекот, а не во неговиот џеб

Какво ли време дојде!!! Време во кое се маскираме,време во кое се дистанцираме едни од други.

Одсекогаш постоеле, постојат и ќе постојат “маските”. Кај некои паѓаат брзо, кај други подоцна. Пријатели? Што ли беше тоа? Беше тоа во едно убаво време, време во кое луѓето се почитуваа меѓу себе, време во кое материјалното беше ирелевантно. Утринското кафе започнуваше во друштво со пријатели. Пријатели и во добро и во зло. А, денес? Денес речиси и ги нема. За жал,материјалното е на прво место. Собиранки повеќе нема, дружби и смеа се помалку. Денес помеѓу луѓето има натпревар, кој ќе вози подобра лимузина, кој ќе користи подобар мобилен, кој ќе носи појака “марка” на патики. Но, јас себеси не се гледам во таков  натпревар, некако ми е туѓ, не човечен. Секогаш се свртувам позади себе. Да! Гледам гладни и боси, болни и изнемоштени. Затоа, секогаш му се заблагодарувам на Бога, за секој нов ден. Драги мои пријатели и непријатели. Богатството е во душата на човекот, а не во неговиот џеб. Тоа што имате,поделете. Поделете прегратка, насмевка, добар збор, храна, облека…Тоа е бесплатно, а многу вредно. Многу по убаво се живее кога ќе го споделиш со ближниот она што го имаш на претек. Пробајте и ќе се уверите. Исчистете ги душите од злоба, омраза, горчина и гнев. Бог сака чисти души, како на дете. Бидете ми живи, здрави и од Бога Благословени!!!

Лиле Прочкова

Related posts

Leave a Comment