Помина една година од појавувањето на ,,злобниот” ковид. На почетокот бевме во шок, во неверување дека целиот свет со соочува со страшна пандемија. Со воведувањето на драконските мерки, улиците останаа празни, единствен бенефит од не работењето на индустријата имаше природата која делумно се обнови, морничавата тишина која завладеа меѓу луѓето одвреме навреме беше нарушувана од сирените на возилата од Брзата помош. Затворени дома, слушајќи препораки од власта преку ТВ, станавме неми послушници кои без поговор ги ставија заштитните маски на себе,…Страшни бројки на заразени и починати. Уште пострашен е начинот на лечење по приватните клиники. Дневно 2300 евра. Алооо 2300 евра? Годишна плата на еден обичен работник на кој платата не му стига за преживување,а камо ли за лечење. А нај страшно од се е тоа што огромната сума на парите кои се потребни за лечење не е гаранција дека жив ќе излезеш од скапите приватни клиники. Дека нешто сериозно смрди околу приказната со ковидот е дека ,,успеаа” да произведат вакцина за само шест месеци од појавата на вирусот. Во нормални услови за една вакцина треба нај малку 10 год да се испита пред да се пушти во употреба. Но јас воопшто не сум изненадена што истите луѓе кои го детектираа вирусот ја пронајдоа и вакцината за толку кус период. Тажна и страотна слика гледаме деновиве на граничниот премин Табановце. Тргнале луѓе по спас од вирусот. Но дали истите прочитале колку луѓе починаа после примањето на вакцината, по која тие панично тргнаа во соседна Србија. Очигледно не. Многу мозоци дефинитивно се веќе испрани, продолжуваат со перење раце,после вакцина и со носење маски. Па за што ве вакцинираат? Ете баш сето ова е запишано во Откровението, за тие што не го прочитале. Цитирам:”И му се даде да вложи дух во бистата на ѕверот,та да прозборува тој и да направи да бидат убиени оние кои нема да се поклонат пред бистата на ѕверот. И ќе направи на сите-мали и големи, богати и сиромаси, слободни и робови-да им се стави белег на десната рака или на челата нивни. Та никој да не може ни да купува, ниту да продава, освен оние што го имаат тој белег, или името на ѕверот, или бројот на името негово”! Драги мои, допрва доаѓаат тешки времиња. Кој ќе преживее, тој ќе раскажува. Ќе дојде времето во кое сами ќе си произведуваме храна, каде ќе се бориме да преживееме. Но верувам во единиот Бог дека тој товар ќе ни го олесни, дека Тој е Алфа и Омега, Првиот и Последниот. Дојди Исусе Христе и спаси не од злото кое го надвладеа целиот свет
Лиле Прочкова