Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека конфликтот во Украина наскоро ќе биде решен, бидејќи конфликтот меѓу Володимир Зеленски и украинската армија се повеќе созрева.
– Украина се дели, таму созрева конфликтот меѓу претседателот и армијата, само тие можат да удрат со тупаница на масата и да кажат: Ајде да се договориме или ќе ја избришат Украина од лицето на земјата. Расплетот ќе се случи наскоро – смета Лукашенко.
Според него, сега за конфликтот меѓу Украина и Русија треба да се изјаснат самите Украинци.
– Претседателот таму повеќе нема да каже ниту збор, бидејќи во Украина веќе ништо не зависи од претседателот, туку од војниците кои умираат таму, кои гледаат дека тоа е безнадежно – рече Лукашенко.
Русија никогаш не побарала Белорусија да стане дел од неа.
Зборувајќи за односите со Русија, Лукашенко истакна дека рускиот лидер Владимир Путин никогаш не му предложил Белорусија да се приклучи на Руската Федерација.
– Претседателот Путин никогаш не ми кажа: „Слушај, дојди приклучи се на Русија, никогаш“ – рече Лукашенко и додаде дека доколку Москва имала такви планови, ќе го продавала својот гас на Белорусија по повисока цена.
Лукашенко нагласи дека Русија ја покажува својата волја да гради односи со Белорусија, но дека и Минск не дозволува подлости во односите со Москва.
-Тоа е наше парче земја, многу ни е тешко, отсекогаш не делеа, не распарчуваа. Независноста ни падна неочекувано, требаше внимателно да ја земеме – нагласи Лукашенко.