Свет

Лукашенко до својот гостин од Емирати: Дали чувствувате дека сте на гости кај диктатор?

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко и арапскиот бизнисмен Мухамед ал-Абар

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко разговараше со арапскиот бизнисмен Мохамед ал-Абар од Обединетите Арапски Емирати за состојбата во земјата.

„Чувствувате ли дека сте во посета на диктатор?“, праша на шега Лукашенко, на што Мохамед ал Абар одговори, цитирајќи го јужноафриканскиот борец за човекови права и слободи Нелсон Мандела.

„Ако моите деца се безбедни, ако се стекнат со добро образование, оптимистични се за својата иднина, постои добро здравство, добра инфраструктура – тоа е вистинска демократија“, рече тој.

Лукашенко изјави дека Белорусија направи многу во таа насока, но дека се уште има многу да се работи во таа насока.

Related posts

Leave a Comment