Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко ги отфрли обвинувањата на медиумите дека ја напуштил својата земја, велејќи дека тој е „тука и жив“.
„За почеток, јас сум жив, јас сум тука и не ја напуштив земјата, како што тврдат некои медиуми. „Денес е 14 август, и се состанавме да разговараме за градежната индустрија“, рече Лукашенко на почетокот на средбата со белоруските градежници.
Претходно, некои медиуми изјавија дека Лукашенко, наводно, ја напуштил земјата и дека тој во моментов е во странство.
За потсетување протестите во Белорусија не стивнуваат од неделата, кога Александар Лукашенко победи на претседателските избори уште еднаш. Досега едно лице е убиено, а голем број се повредени.
Во врска со ова, Лукашенко нареди да се испитаат сите апсења што се случија во последните денови.