Свет

Лукашенко: Подготвен сум да бидам првиот што ќе појде во војна

Lukašenko by prijal v krajine ruské jadrové hlavice: A nielen to! Toto  vyhlásil prvýkrát | Nový Čas

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска изјави дека е подготвен прв да појде во војна доколку е неопходно да се заштити татковината.

Ситуацијата во Европа ја нарече „воена психоза“, а Белорусија, како што рече, е во епицентарот на овие настани, пренесува Интерфакс.

Лукашенко објасни дека за време на заедничките воени вежби на Русија и Белорусија, се обидел да им покаже на новинарите колку е страшна војната и до какви ужаси може да доведе.

На самиот крај од вежбата времето беше страшно – силен дожд, лапавица, ужасен ветер. Сите се смрзнуваа, стоеја, се тресеа. Мислев дека ќе разговарам подолго со новинарите како би почувствувале како е да се живее во непријатни услови на кои не сме навикнати. „Ги прашав дали разбираат дека војната е застрашувачка и дека може да биде уште полоша од сега“, рече Лукашенко.

Related posts

Leave a Comment