Свет

Мадуро : Венецуела ќе ги тужи САД пред Меѓународниот суд на правдата

Венецуела ќе ги тужи САД пред Меѓународниот суд на правдата за санкциите воведени од страна на Вашингтон против венецуелската авиокомпанија Конвиаса, рече претседателот Николас Мадуро.

Шефот на државата побара од обвинителството веднаш да ја подготви постапката пред Меѓународниот суд на правдата за штетата претрпена од националниот авиопревозник.

Министерството за финансии на САД во петокот објави санкции против Конвиас со цел блокирање на трансакциите помеѓу таа компанија и американските граѓани и компании.

„Венецуела ќе бара правда во меѓународните судови“, рече Мадуро во Каракас.

Related posts

Leave a Comment