Свет

Мадуро кај Путин

 

„Русија постојано ги поддржуваше сите легитимни власти во Венецуела, вклучително и институцијата претседател и парламент. И ние несомнено го поддржуваме дијалогот што вие, претседателот и владата го имате со опозициските сили“, рече Путин на состанокот со Мадуро во Москва.

Според Тас, тој додаде дека Русија смета дека секое отфрлање на дијалогот е „ирационално и штетно“ за земјата, и претставува закана за благосостојбата на населението.

Путин исто така посочи на соработката меѓу Москва и Каракас во воено-техничката област, што првенствено е поврзано со обврските на Русија да обезбеди одржување на руското оружје купено од Венецуела.

Related posts

Leave a Comment