Жан Н, државјанин на Република Македонија кој живее во Нов Белград, денеска се обидел да се самоубие полевајќи се со бензин и се запалил бидејќи работници дошле да ја урнат бараката во која живеел со мајка му. Жан бил пренесен во Ургентниот центар со страшни изгореници.
Откако работниците го изгаснале пожарот, несреќниот млад човек отишол во продавницата да моли за помош, објави српски Блиц.
Жан и неговата мајка имале станарски права, но морале да бидат иселени бидејќи бараките во кои живееле 30 години се наоѓаат на градилиште на станбен комплекс.
– Пред некој ден демолираа помошни објекти, кујната и бањата. Утрово дојдоа и рекоа дека нема да не допираат. После половина час се појавија и почнаа да демолираат. Да не излезевме, ќе бевме мртви – рекла неговата мајка која лежела на земја и плачела.