Таканаречениот српски екперт за балканот Драгослав Бокан не престанува со провокации кон Македонија и македонците.Во утринската емисија на Тв Хепи кај Милован Мариќ Бокан крајно непријателски по кој знае кој пат ги нарече Македонија и Македонците вештачки конструкт на кој неминовно му следува распад. Овој отворен македономрзител за жал своите инсинуации не ги изнесува само во Србија туку замислете и во Македонија па дури изненадува фактот дека Бокан на овогодинешната прослава на Свети Сава финансирана од нашата влада беше почесен гостин на свечената академија по повод празникот организиран од српската заедница во Македонија.Бокан е чест гостин на Иван Стоиљковиќ претседателот на демократската партија на србите во Македонија кој не се оградува од контроверзните и навредувачки ставови на Бокан.
Фото : Бокан во друштво со Заев и Стоиљковиќ
Се поставува логичко прашање до институциите,до кога ќе се толерираат вакви отворени непријателства кон македонската држава и нација од ,,еминентни ” личности ( за жал ги има подоста ) од соседна Србија,и наместо да бидат санкционирани тие се примаат од највисоките институции на РМ.
За потсетување Бокан е еден од најтврдокорните подржувачи на тезата дека македонците се вештачка нација и дека во 1945 година во Македонија со помош на комунистите е направена присилна десрбизација на населението. Во продолжение линкот од спорната емисија.