Францускиот претседател Емануел Макрон денеска се заложи за буџетска солидарност во ЕУ во борбата против корона вирусот и истакна дека „Европа не смее да биде себична“.
Во интервју за водечките италијански дневни весници, тој предупреди дека сегашната криза не може да се надмине без европска солидарност во однос на здравството и буџетот, пренесува италијанска Ла Стампа.
Тој посочи дека Франција е заедно со Италија.
„Франција е тука да и помогне на Италија. Она што ме загрижува е болеста на секој човек и ако не покажеме солидарност, Италија, Шпанија или некој друг би можел да им рече на нашите европски партнери: каде бевте кога бевме на фронтот? Не сакам себична и поделена Европа “, истакна Макрон.
Забележувајќи дека многу се зборува за кинеската и руската помош за Италија, тој го постави прашањето зошто никој не кажува дека Франција и Германија и доставиле на Италија два милиони маски и десетици илјади заштитни костуми.
Тој рече дека тоа можеби нема е доволно, но сепак е некаков почеток.
„Не смееме да си дозволиме да бидеме затруени од она што го велат нашите меѓународни партнери и конкуренти“, рече францускиот претседател.