ПАРИС, 7. ноември.НАТО во моментов е во состојба на мозочна смрт, рече францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за магазинот „Економист“.
„Она што во моментот го доживуваме е мозочна смрт на НАТО“, рече Макрон, цитиран од списанието. Тој додаде дека европските земји „повеќе не можат да се потпираат на Америка да ги брани сојузниците на НАТО“, напиша „Економист“.
Според францускиот претседател, Европа стои на „работ на пропаста“ и треба да започне да размислува за себе стратешки како геополитичка моќ, во спротивно „повеќе нема да ја контролираме нашата судбина“.
„Би спорел дека треба да ја преиспитаме реалноста за тоа што е НАТО во рамките на посветеноста на Соединетите држави“, истакна Макрон. Според него, САД им вртат грб на сојузниците. Во овој поглед, тој го спомена повлекувањето на трупите на Вашингтон од североисточна Сирија.