Свет

Макрон: Путин ми гарантира мир

Macron urges Putin to back a Ukraine leaders' summit over coming weeks at  French talks

Западните влади ја обвинуваат Москва дека е подготвена да изврши инвазија на Украина, а Москва тврди дека САД и НАТО ја дестабилизираат Европа.

Ова се денови на големи состаноци во време кога западните влади се обидуваат да ги намалат тензиите во Источна Европа преку дипломатски напори. Германскиот канцелар Олаф Шолц и американскиот претседател Џо Бајден се сретнаа во понеделникот во Белата куќа за јавно да покажат дека се „обединети во нивниот пристап“ кон Москва, а францускиот претседател Емануел Макрон разговараше со рускиот лидер Владимир Путин истиот ден во Москва. Макрон, пак, вчера отпатува за Киев кај украинскиот лидер Володимир Зеленски. Западните влади ја обвинуваат Москва дека е подготвена да изврши инвазија на Украина, а Москва тврди дека САД и НАТО ја дестабилизираат Европа. Макрон во Киев кажа за што разговарал со Путин, истакнувајќи дека успеал да добие гаранции од рускиот колега дека нема да има ескалација. Тој му предложи на Путин конкретни безбедносни гаранции, а тој „покажа подготвеност за одржување на стабилноста и територијалниот интегритет на Украина“.

– Се осигурав дека нема да има деградација или ескалација. Мојата цел беше да ја замрзнам ситуацијата, да спречам ескалација и да отворам нови перспективи. Таа цел е исполнета – изјави францускиот лидер. Тој ја истакна важноста на дијалогот со Русија, кој е потребен за да се обезбеди стабилност на Европа. Сепак, портпаролот на Путин , Дмитриј Песков, вчера негираше дека двајцата лидери постигнале конкретен договор и добро опиша што мисли Кремљ за Париз, како и за сите земји од НАТО, освен за САД. „Тоа едноставно не е можно. Франција е членка на НАТО, но не е лидер – тоа место и припаѓа на сосема друга земја во блокот. Значи, за какви договори можеме да зборуваме? – рече Песков. По средбата со Зеленски и Путин, Макрон истакна дека и двајцата лидери се посветени на спроведувањето на Договорот од Минск, кој беше потпишан во 2014 и 2015 година, и дека се столбот на мировниот договор што ќе стави крај на војната во Украина. Но, Москва со години го обвинува Киев дека одбива да го спроведе договорот.

Related posts

Leave a Comment