Свет

Макрон: Француските сили убиле повеќе од 30 терористи во Мали

Триесет и три терористи во областа Мопи во Мали се убиени од француските сили, изјави францускиот претседател Емануел Макрон за време на обраќањето во Брегот на Слоновата Коска.

Командата на француската армија потврди дека терористите биле убиени за време на акцијата спроведена преку ноќ во близина на границата со Мавританија, пренесува Ројтерс.

„Ова утро, благодарение на ангажманот на нашите војници, ние неутрализиравме триесет и три терористи, ослободивме еден затвореник и двајца малезиски жандарми кои беа држени како заложници“, рече Макрон.

Франција, поранешна колонијална моќ, е единствената западна земја со значително воено присуство против бунтовничките активности во Мали и поширокиот регион Сахел во Западна Африка, под пустината Сахара.

Командата на француската армија го потврди бројот на загинатите во оваа операција, за која се вели дека се случила вечерва во близина на границата со Мавританија на околу 150 километри северозападно од градот Мопти во Мали.

Акцијата беше спроведена во близина каде 13 француски војници загинаа минатиот месец во хеликоптерска несреќа. 

Французите кои дојдоа во Мали во 2013 година за да и помогнат на локалната власт да ги врати северните територии окупирани од исламски бунтовници, не работат само во Сахел. Во истата година, ООН формираа мировна мисија за Мали. Што се однесува до ризичната операција, повеќе од 200 „сини шлемови“ беа убиени за шест години.

Related posts

Leave a Comment