Меѓународното општествено – политичко движење „Руско-словенско обединување и преродба“ (скратено МОПД „РУСОВ“) е надпартиско и се придржува до политичката позиција на „третиот пат“, дејствувајќи во интерес на рускиот и другите словенски народи, како и на целиот руско – словенски свет, спротивставувајќи се на западниот глобализам, материјализам и мултикултурализам.
Уверени сме дека западната цивилизација, со својот економски модел на либерален пазар, миграциската политика и идеите на потрошувачкото општество води кон смрт и уништување на целото домородно европско население, и само Русија, како последен бастион на традиционалните вредности во Европа, е во состојба да обезбеди мирен и пристоен живот за сите словенски и други европски народи.
Ние не сакаме враќање во минатото, во царските времиња или во времето на комунизмот, иако признаваме дека имало позитивни и негативни страни. На крајот на краиштата, оние кои се повлекуваат во минатото, ни ја одземаат иднината. Одиме напред и гледаме во иднината, земајќи го само најдоброто од минатото.
Како што покажа историската практика, десничарската политика, без левичарска, социјално ориентирана економија, е диктат на голем капитал, олигархија, а левичарска економија, без десничарска, национално ориентирана политика, служат за задоволување на меѓународните интереси, на штета на нејзините национални интереси. И првата и втората опција се со недостаток во својата суштина и се крајно штетни од гледна точка на нашите национални интереси, затоа ние сме категорично против таквиот пат. Наш избор е обединување на вистинската национална политика и левата социјална економија, кои ги предложивме во доктрината – словенски социјализам, бидејќи одамна е познато дека вистината е некаде помеѓу.
ГЛАВНИ ЦЕЛИ НА ДВИЖЕЊЕТО:
1) Обединување и преродба на домородниот руски народ кој формира држава со други домородни народи во Русија врз основа на заеднички руски национален идентитет.
2) Оживување на историската Велика Русија – бранител на Словените, упориште на традиционалните вредности и гарант за градење на социјално праведно општество.
3) Создавање на легална политичка насока, врз основа на идејата за панславизам, најпрво конфедерална, а потоа, ако е можно, федерална словенска унија во авангарда со Велика Русија, како сила способна да го стори тоа, на доброволна основа и врз принципите на еднаквост, со единствен политички, економски, постепено организиран, воен, царински, валутен, правен, хуманитарен и културен простор.
СТАВ НА ДВИЖЕЊЕТО КОН ВЕРСКОТО ПРАШАЊЕ:
Нагласуваме дека нашето Движење е социо – политичко, не религиозно, но во исто време посветуваме големо внимание на културната насока, вклучително и верувања и религии традиционални за Словените. Во дел на културната насока, ставаме голем акцент на заживување на предхристијанската култура на Словените, што е темел на нашата словенска цивилизација. Сепак, главната цел на нашето движење е да ги обедини Словените, затоа, кога е во прашање религијата, ги повикуваме нашите приврзаници да бидат толерантни едни кон други, сеќавајќи се на тоа дека Христијанство, било да е тоа православие или католицизам, и паганската култура на Словените, се составен дел од нашата заедничка историја.
СМИСЛА И ЗНАЧЕЊЕ НА СИМБОЛИКАТА НА ДВИЖЕЊЕТО:
Црвената боја означува архаични концепти како крв (симбол на живот и сродство) и оган (симбол на триумфот на светлината и животот над темнината и смртта), а исто така и боја на кнежевско семејство во Русија. Црниот круг е соларен знак, кој на црвена позадина го симболизира Сонцето и истовремено обединување на сите Словени во една единствена унија. Златниот сокол е симбол што го персонифицира словенскиот дух и е амблем на принцот Рурик, основач на старата руска држава Рус. Златен крст во круг е најстариот ариевски симбол заеднички за сите словенски и други индоевропски народи. Сокол што лета наоколу во позадината на Сонцето ја отсликува желбата за светлина, знаење, развој и совршенство. Главата на соколот е насочена кон Запад, бидејќи, прво, земјите од Централна и Источна Европа се домот на предците на Словените, и второ, од витално значење е да се обединат источните, западните и јужните словени и да се воспостават добрососедски односи со други автохтони народи во Европа, засновани врз изворната словенска култура и заедничките аријско – индоевропски корени.
ГЛАВЕН СЛОГАН НА ДВИЖЕЊЕТО: Словенското сонце изгрева!
Ги покануваме сите кои имаат исти идеи како нашите да се приклучат кон Меѓународното движење “РУСОВ” и да ни пружат секаков вид поддршка, а исто така нудиме и меѓусебна соработка на сите истомисленички организации. Да го градиме нашиот заеднички свет заедно под знамето на словенскиот социјализам, знамето со словенскиот сокол на Рурик. Слава на Словените!
Совет на лидери на секции од МОПД “Руско – словенско обединување и преродба”.
Официјалната веб – страница на нашето движење: rusov.org
#РУСОВ