Свет

МАСАКР ВО НИГЕР : Милитанти упаднале во воена база и убиле најмалку 73 војници

Армијата на Нигер

Милитантите убиле најмалку 73 војници во напад врз воена база во западен Нигер, соопшти армијата на земјата.

Во нападот, што се случи во вторникот, 10 декември, повредени беа 12 војници. Тоа е најсмртоносна акција на милитантите во последните години.

Нигерискиот министер за одбрана Исуф Катамбе изјави за Би-Би-Си дека „голем број терористи се неутрализирани“.

Ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот, но активните борци во областа се знае дека се поврзани со Исламската држава, како и со организацијата „Боко харам“, со седиште во Нигерија.

Катамбе рече дека „жестока битка“ се случила недалеку од границата со Мали и дека „неколку стотици милитанти“ ја нападнале воената база.

Нападот беше извршен само неколку дена пред самитот во Франција меѓу претседателот Емануел Макрон и лидерите на пет западни африкански земји на разговори околу безбедноста во регионот.Нигериската влада претходно повика на тримесечно продолжување на вонредната состојба, воведена пред две години. Војската на земјата вложува големи напори да го спречи ширењето на вооружените групи.

Related posts

Leave a Comment