Решавање на долгогодишниот проблем со Охис ова е едно од 250 барања на граѓаните и еколошкиоте здруженија кои излегоа на Маршот за чист воздух.
Организатори се граѓански активисти од Скопје, Битола, Тетово, Гостивар, Струмица, Ново Село, Струга, Охрид и други градови и населени места. Имаат, како што изјавија на почетокот на маршот што почна пред зградата на Министерството за животна средина и просторно планирање, 250 барања во однос на екологијата до сите надлежни институции со конкретни рокови.
Еколошките активистите очекуваат вечерва да се покаже заедништво, како што нагласија, за подобра иднина на нашите деца.
Како дел од 12. жешки еколошки точки, го потенцираа проблемот со хемискиот отпад во фабриката Охис, што, според нив, е еден вид атомска бомба на само четири километри од Скопје. Кон тоа премногу сериозно прашање, укажаа, сите влади досега се однесуваат ноншалнтно.
Маршот на граѓанските организации почна пред Министерството за животна средина и просторно планирање и според најавите треба да заврши пред Владата.
1 comment
ММЕ на сите таму горе по тоа сликите!
Не можевте така да излезете кога ја убиваа Македонија, немаше кој да ве плати, немаше кој да ве организира и повика, сега има…
Ова само говори за инфантилноста на сите учесници во денешнива шашма, нека ви служи на чест!
Зарем очекувате дека со протести ќе сторите нешто и оп воздухот ќе ви стане чист, значи прво ги донесовте овие власт+парламентарна опозиција кои со нечиста технологија придонесуваат за загадувањето… ама затоа им расте профитот… на сметка на вашето здравје … и повторно ве купија со сендвичи да протестирате…. против кого бре шушумиги едни?
Убаво сте нашарале по тоа транспарентите, некој умира од старост некој од глупост, а некои убиваат држава која вашата генерација ја уби, која ја наследивте од татковците, бидејќи ја убивте државата Македонија што е толку и на кому му е важно каде и како ќе умирате, прашајте го ОТАН и ЕУропска тие ќе ви кажат како и кога, ако уште не знаете.