Свет

Медведев: Русија ќе продолжи да ги ослободува териториите окупирани од украинските неонацисти

Руската војска ќе продолжи да ги ослободува териториите кои се уште се окупирани од украинските неонацисти, изјави претседателот на партијата , заменик-претседател на рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев на состанокот на Генералниот совет на Обединета Русија.

„Ние ќе ги заштитиме луѓето на нашата земја кои ни ја довериле својата судбина и, се разбира, ќе продолжиме да ги ослободуваме териториите кои сè уште се окупирани од неонацистите“, го цитира РИА Новости .

Медведев истакна дека ќе бидат остварени сите цели поставени од рускиот претседател Владимир Путин за заштита на руските граѓани.

Претходно Путин го повика Киев веднаш да го прекине огнот и да седне на преговарачка маса.

Related posts

Leave a Comment