Анализа

Миленко со едно око накај Будимпешта а со друго инспириран од колумните на Бачев гата кој ќе победи на изборите

 

Миленко Неделковски, во својата најнова колумна под наслов ВМРО ДПМНЕ ќе победи, за неговиот портал Дудинка, пројави гатачки спосбности ала баба Ванѓа и ги виде победниците на следните парламентарни избори пресликани во ДПНЕ и човекот партија Бачев.

Останува непознаница дали на неговите пророчки новодојдени дарови влијание имало ,,маслиновото масло од Будимпешта”(со кое изгледа си го пали кандилцето) или ,,големото благодарам” на Бачев за отстапениот простор за неговите колумни во Дудинка.Како приколка на ,,Шлеперот ДПНЕ” кој според Миленко ќе гази на изборите,покрај Бачев,тој го споменува Бојкотирам,но заборава да каже кое,затоа што моментално ги има четири.Дали мисли на Томче Ширков или на Леџа останува да ни каже после неговата следна пророчка сеанса чунки да знаеме на кој вагон да се качиме.Останатите партии и здруженија не му се виделе во привидението затоа што биле многу мали и небитни.Останува да видиме дали тој навистина се просветлил или било само уште едно БАБИ СЕ СНИЛО ТО ШТО ЈОЈ ЈЕ МИЛО!

Пророштвото на Миленко може да го прочитате ТУКА

Related posts

Leave a Comment