Свет

Минесота на работ на војна, Пентагон е подготвен да испрати војска

Minnesota governor orders residents to stay home 2 weeks to slow ...

Гувернерот на Минесота, Тим Волц, нареди најголема мобилизација на Националната гарда во историјата, а Пентагон подготви специјални сили за да помогне во обновата на редот во државата во која што веќе четири дена траат немирите како резултат на убиството на Џорџ Флојд. Властите велат дека немирите биле организирани од анархисти, расисти и агенти на нарко картели. Вкупно 5.000 војници и полицајци се на улиците на Минеаполис од денес.

„Апсолутен хаос … Ова не е искажување на тага или протест против неправдата. Ова треба да се поправи. Одете дома“, рече гувернерот Тим ​​Волц по четвртата ноќ со немири во Минеаполис.

Волц и претставниците на полицијата тврдат дека меѓу „масата на уапсени“ има најмалку жители на Минеаполис и околните места, но станува збор за „организирани групи кои доаѓале од страна“.

Според проценките на полицијата, околу 80 проценти од  учесниците во насилните протести дошле однадвор. 

Полицијата соопшти дека претходната ноќ најмалку 50 лица биле уапсени . 

„Анархисти, расисти и агенти на нарко картели“, Волц ги наведе можните виновници за ужасната деструкција што Минеаполис ја доживеа во претходните четири ноќи, и покрај воведувањето полициски час.

Американскиот претседател Доналд Трамп, од друга страна, ги обвини групите кои регрутираат „антифашисти и радикални левичари“ за немирите. 

Стар Трибјун од Минеаполис известува дека за четири дена немири биле уништени и ограбени 240 продавници и деловни објекти.

Волц исто така рече дека начинот на кој се случиле немирите невообичаено потсетува на организирани воени операции и дека за време на немирите е можно да се забележи како „водачите се движат од место до место“.

Говорејќи за полициските акции, Волц рече дека имало повеќе демонстранти од припадници на безбедносните сили.

Поради тоа, во последните неколку часа беа мобилизирани околу 2.500 припадници на Националната гарда, односно повеќе од кога било во историјата на овие сили. Тие веднаш ќе бидат распоредени низ Минеаполис, со цел да се обезбеди ред и мир.

Покрај Националната гарда, властите во Минесота ангажираа и околу 2.500 полицајци во обид да го спречат насилството што го тресе градот четири дена. 

Во исто време, Пентагон ги стави силите во состојба на готовност, така што, доколку е потребно, итно да бидат пренесени во Минеаполис.

Гувернерот на Минесота рече дека ќе размисли дали да прифати помош од Пентагон, но дека разузнавачките податоци кои можат да помогнат во идентификувањето на организаторите сигурно ќе биде добредојдени. 

Related posts

Leave a Comment