На една од моите последни средби со Никола Груевски, пред да биде собран од Бејли ми кажа дека архиепископот Стефан му носел грчки лобисти пратени од нивната влада со цел да го корумпираат и купат поранешниот македонски премиер.
Груевски беше шокиран од дедо Стефан во неговите обиди да дојде до него за да заедно со грчки луѓе од нивната влада, пробаат да го убедат да го реши црковното и државното прашање по теркот на Атина.
Што мислите што добил Стефан за тоа? Пари, нормално, изјави вчера познатата новинарка Мирка Велиновска во емисијата на политичката партија Родина Македонија, Родински Разговори.
Во мојата посета на Грција на покана од Симитис, преставник на грчката тајна полиција ми покажа шокирачки фотографии од наши владици кои за дебели пари одработувале за грчките служби на штета на Македонија.
Васко Ефтов може да го потврди ова затоа што десетина дена после мене беше во посета на Грција и ги виде истите материјали, потенцираше Велиновска.
Погледнете го видеото овде: