Политика

Мицкоски му гарантира на Борисов дека ќе го почитува срамниот договор со Бугарија,ние сме цврсто за ЕУ и за САД и не гледаме со едно око накај Москва,немојте да имате никакви дилеми(ВИДЕО)

Претседателот на ДПНЕ, Христијан Мицкоски во Загреб се сретна со бугарскиот премиер Бојко Борисов. Борисов објави видео од почетокот на средбата.

На прашање од Борисов дали го поддржува Договорот за пријателство со Бугарија, Мицкоски одговори дека се што може да донесе позитивни работи за двете земји, тој го поддржува и тука не треба да има дилема.

Мицкоски додаде дека за разлика од левицата во Македонија,тој и неговата партија одсекогаш биле прозападно ориентирани и дека никогаш не гледале накај Москва за разлика од првите кои за време на распадот на СФРЈ со едно око гледале накај Белград и Москва.

Сите ние овде вечерва сме школувани во Европа и САД,јас во Италија и Германија,Тимче во САД,Влатко се ожени со американка,така да воопшто не треба да имате дилеми,алудираше Мицкоски на нивната прозападна ориентација која не остава простор за соработка со Русија и земјите од истокот.Во  два наврати Бојко Борисов потенцираше дека името на нашата земја е северна Македонија на што Мицкоски одмолча.

Related posts

1 comment

DLM 21/11/2019 at 10:26

Ова копито се гордее со нешто од што секој чесен и разумен човек се срами!
Се гордее дека биле слуги на западот, тоа е нешто што ма копитово ми изгледа убаво?!
Има ли некој да му рече дека Руската федерација има суров капиталистички веќе 30 години и дека разликата помеѓу неговиот запад и исток е таа што “истокот“ не бара да менуваме идентитет и име Македонија како што тоа го бара “западот“.
Ама тоа е така со копитари и ретардирани мамлази, исто ко со ѓаол садиш бостан береш тикви!

Reply

Leave a Comment