ИМЕ СО ИЗГУБЕНА СУШТИНА
Мојата порака и желба за моите Македонски православни христијани по повод велигден е токму да погледнат назад во времето на првите христијани, да ја проучат нивната вера и да се вратат на библиската суштина на христијанството. Особено во овие тешки мигови во кои западна македонскиот народ на кои неменливо Бог им е потребен. Господ Бог им подаде рака на Македонците кога на Апостол Павле на сон му се јави Македонец барајќи помош од него, тогаш Бог одговори и го испрати Апостолот во Македонија. Господ тогаш ни подаде рака, но дали ние ќе му подадеме рака? ќе клекнеме ли пред него како обични грешници и ќе бараме опростување на нашите гревови? ќе се вратиме ли на суштината на христијанството?
Многу пати до сега сме кажале дека секое име, суштество преставува одреден симбол кој има има одредена суштина на постоење. Па така и името „ Христијанство или Христос “ , преставува свој симбол, укажува на некоја смисла на постоење. Исто е и со обичаите и ритуалите кои ги пркатикуват верниците. Ако нешто му одземеш или му додадеш на симболот тогаш тој ја губи суштината на постоењето.