Колумни

МИШКО ЛИВРИНСКИ : РАЗНИ БУДАЛИ СЕ ШЕТАAТ ВО ПОЛИТИКАТА

Малески на бугарска ТВ ги побугарчи Мисирков и Делчев (ВИДЕО ...

Затоа што имаме произведено вакви кадри кои не се способни за самостојно и сопствено размислување, затоа и разни будали ни се шетат во политиката како Денко Малевски. Тие или ќе се врзат за Македонија во ЕУ како единствена алтернатива, ако не е ЕУ ќе биде Евроазија или некој друг сојуз. А бе ни еден не се роди со идејата Македонија да биде независна  во меѓународните односи, да соработува со сите, а да не биде врзана за ни еден сојуз  која преставува единствена слобода.

Пред извесно време реков дека повеќе нема да се занимавам со нашиве така наречени интелектуалци како што е Денко Малевски од што со такви како него се имам занимавно со години наназад и имам пишувано за нив.

Изјавата на Малевски ми е повод да анализирам и да се позанимавам со прашањето чив производ е тој? Бидејќи тој и неговата сопруга Мирјана Малевска со години наназад настапуват против интересите на Македонија, а на сметка на некој туѓи интереси. Малевски јавно зборуваше дека малите земји не им можат ништо на големите земји, односно дека треба да се почитува политика на сила. Професоров по правни науки очигледно не знае дека постои меѓународно право за да малите земји како Македонија да можат да се заштитата од големите грабливци. Толку од знаењето на експертов по правни науки. Неговата сопруга Мирјана Малевска уште во раните 90-ти години, кога се отвори прашањето за лустрацијата, во пулс пишуваше против неа.
Едноставна  е работата!Работата е во функционирање на целокупниот систем на државата Македонија.  Лошта поставеност на системот уште од самото нејзино основање продуцира токму вакви кадри како што денес ги имаме.  А што може да се очекува ако се знае дека уште од време на Југославија беа произведувани кадри без национално чуство, без самосвест, луѓе без интергритет и идентитет, луѓе без кичма. Едноставно кај нас шламот над шламовите беше ваден на сцена. Во таа СФРЈ ако еден Македонец се дигне да искаже некое чуство на припадност кон својата заедница, одма беше третиран за непријател. Непријател на интернационализамот! А како  да бидеш интернационалнист, ако не си прво национално освестен или што би рекол познатиот албански писател Исмаил Кадаре „ Не можеш да бидеш интернационалист, ако прво не си национално освестен.“ Во последните шесет години кај нас беа продуцирани кадри кои се послушници на туѓи центри на моќта и интереси, Белград, Брисел, Вашингтон, Москва.
А што да кажеме за воспитно -образовниот систем кои со децении генерира, а не произведува  нормални кадри, туку бубалици, односно читачи на туѓи мисли, идеи, кадар без креативност и идејност. Како денес се сеќавам пред дваесетина години кога бев осмо одделение, уште тогаш констатирав дека нашиот воспитно -образовен систем е фаличен. Во школо учениците учат природни науки (Хемија, Физика, Биологија), проблемот е во тоа што нив ги учат теорија, ама не практика и лабараториски вежби. Да речеме учите по Биологија клетка, нели би требало наставникот по биологија да направи вежба каде што учениците под микрскоп ќе ја наблудуват клетката или по хемија каде што би требало задолжително да се прави експрементирање и обиди. Ако учите редукција и оксидација би требало да направите час експременти за да учениците да увидат како се добиват тие процеси. Јас барем за тоа време се сеќавам дека мојата наставничка по хемија само ни го покажа лабараторискиот прибор и ништо повеќе не видовме ни експрементирање ни обиди. По биологија да не постоеа цртежите на клетката во учебникот немаше ни да знам како изгледа. Не е во проблемот дали е кембриџ или не кембриџ програма, проблемот лежи во неспособноста на нашите професори  да создадат кадри кои ќе бидат способни да создадат креативни размислувања , кои ќе создадат готови производи, кои ќе се истакнат во економската продуктивноста на нашата земја.Така да нашиве професори кои се оспособени  да цитират туѓи, мисли, ставови, теорија на памет. На овие и најдобриот образовен систем и програми да им ги дадеш да ги реализираат џабе е!
Е по што имаме произведено вакви кадри кои не се способни за самостојно и сопствено размислување, затоа и разни будали ни се шетат во политиката како Денко Малевски. Тие или ќе се врзат за Македонија во ЕУ како единствена алтернатива, ако не е ЕУ ќе биде Евроазија или некој друг сојуз. А бе ни еден не се роди со идејата Македонија да биде независна  во меѓународните односи, да соработува со сите, а да не биде врзана за ни еден сојуз ( која преставува единствена слобода) нешто што Швајцарија денес добро го практикува. Ама за да дојдеш до тој статус  треба така добро да ја уредиш државата, да имаш таква визија за неа која ќе гледа во следните илјада години, треба да ја направиш државата самоодржлива со такво производство со кое нема да зависиш од другите, туку тие ќе зависат од тебе. Така развиена државата нема да зависи од ниеден центар на моќ, без оглед колку нас тој центар на моќ ни се допаѓа. за тоа да го направиме како држава прво е потребно покрај креирање на продуктивен образовен систем потребно е кај народот да постои самочуство, самопочит и чуство на припадност кон македонскиот народ и македонската заедница. Без тоа неможеме да продолжиме понатаму. Сите народи и нации во текот на историјата доживеале успони и падови, па така и ние! Падовите не треба да не плашат, туку напротив треба да не направат што повеќе силни за да продолжиме да чекориме понатаму.
Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија,
Image

Related posts

Leave a Comment