Че си лежите, често спомнувана реченица за време на шарената револуција како закана за противникот кој тогаш требаше да се симне од власта. И сега од страна на опозицијата можеме да ја слушнеме истата реченица че си лежите како закана спрема инсталираната фашистичко-окупаторска власт кои тие ја прогласија за легитимна.
Во реалноста дали навистина че си лежите? Или само тоа е фраза на заплашување или изразување на револт спрема власта? Може да се види од шарената револуција дека беше користена таа фраза како закана спрема тогашната власт, но од лежењето нема ништо и ако постоеа закони спрема тогашната власт ни една крупна риба како Мијалков не заврши во затвор туку напротив само некои ситни риби завршија во затвор или се во процес на судење.
Прашањето е дали и овој пат че си лежите ќе се оствари или пак ќе остане само обична фраза и само ситните риби од сегашнава фашистичка власт ќе завршат во затвор додека главните риби кои ја доведоа до ова дереџе државава ќе си останат на слобода. Тоа веќе и се постигнува со политичка разрешница на бомбите наместо со правна разрешница и судски процес.
Станува јасно дека целта на бомбите на црпкана муртинска беше рушење на претходната легална власт како што и сите знаевме, како и за користење на уцени на пратеници за гласање и нивно купување . Секако црпката муртинска се надеваше на политичка разрешница со анкетна комисија на случајот пуч, а не правна и судска разрешница како што би требало.
Системот на курто и мурто е таков што и овој пат само некој од фашистичкава власт некоја ситна риба ќе заврши во затвор, додека несреќава ќе остане на власт бидете сигурни во тоа! Системот на курто и мурто тоа им го овозможува. Затоа и тој беспрекорно функционира сите овие триесет години и е опишан во реченицата Ти мене војводо ја тебе сердаре! Или како што народот вели : ти мене јас тебе. Така се ќе заврши.
Сега да се осврнам на програмата преродба на Македонија на ДПМНЕ која е наводно преродба на Македонија, но во некоја друга смисла како градење на школи за кои веќе нема деца да учат, спортски сали за кои нема повеќе деца да учат, поефтини авиобилети за еден правец за да можат сите да се иселат. А за основите на кои почива една држава нема ни збор.
Еве во што би требала да се состои преродба на една држава:
– враќање на уставнот име на државата;
– раскинување на страмните договори со Грција, Бугарија, Тиранска платформа, Пржински договор;
– одржување на уставотворно собрание и создавање на нова македонска држава;
– раскинување на рамковниот договор и територијална поделба на македонија;
– менување на правецот на политиката во меѓународните односи ( на приемер прогласување на неутралност на државата);
– раширување на играта со името во меѓународната игра и нејзино држење во фокусот на јавноста;
– остварување на соработка со сите добронамерни држави и народи од сите страни на светот;
– Средување на работите на домашен терен, менување на свеста на народот;
– Јавната Администрација треба да работи за народот да биде слуга на народот од кои треба да се плашат како нивни странки, а не ние народот кога треба да ни се средат нашите работи во институтиците се плашиме од нив дали некоја работа ќе ни ја средат.
– одржување на попис на населението.
Моето прашање зашто нема ниту една работа од набројаниве на агендата на ДПМНЕ, нели тие се македонска партија и чувари на Македонија. Само за власт е работата. Се останато не е битно.
Така да јас ќе си гласам за партија која ќе ми ги вети сите овие горе набројани точки. За сега единствена партија која ми ги гарантира овие точки е партијата РОДИНА и ако е во фаза на зародиш, тоа не треба да не разочарува, бидејќи и ништо да не направи за брзо време бидете сигурни дека ќе дојде нејзиното време.
Идеите имат свое време на создавање, свое време на зрење и свое време на реализација и спроведување, па така е и со Родина и ако е таа во фаза на создавање и зрење, но сигурно е дека ќе дојде нејзиното време за спроведување на нејзините идеи во праксата.
Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.