Џејкоб Клиник, 13-годишник, кој живеел во Зилвоки, Мичиген, почина само три дена откако ја прими својата втора доза од вакцината Пфајзер. Тој имаше вообичаени симптоми како треска, замор и болка во стомакот, а потоа почина во сон ноќта на 15 јуни. ЦДЦ сега ја истражува причината за смртта.
Тетката на Џејкоб, Тами Бурагес, објави на Твитер на 20 јуни.
Пред една недела 13-годишниот син на брат ми ја прими својата втора доза. По 3 дена тој почина. Првичните резултати од обдукцијата (направена во петокот) беа дека неговото срце е зголемено и има течност што го опкружува. Тој немаше познати здравствени проблеми. Не користеше никакви лекови.
Оттогаш таа го избриша твитот и во друг објасни зошто,
Го избришав твитот во врска со ненадејната смрт на мојот внук по неговата втора доза. Фокс Њуз и другите екстремно десни медиуми за дезинформација, ја политизираат смртта и го користат мојот твит за да го направат тоа. Тие му предизвикуваат поголема болка на моето семејство.
Во меѓувреме CDC-Centers for Disease Control and Prevention, центарот за контрола на болести и превенција од САД, објави:
ЦДЦ е свесен за 13-годишно момче во Мичиген, кое починало откако примило вакцина против КОВИД-19. Овој случај во моментов е под истрага и сè додека истрагата не заврши, предвремено е да се назначи одредена причина за смртта.
Кога сериозен несакан настан, како смрт, е пријавен во Системот за пријавување на вакцини за несакани настани (VAERS) по вакцинирањето против КОВИД-19, ЦДЦ ги бара и разгледува сите медицински досиеја поврзани со случајот, вклучително и потврди за смрт и извештаи за обдукција. Утврдувањето на причината за смртта го врши службеникот за потврдување кој го пополнува уверението за смрт или патологот што ја спроведува обдукцијата. VAERS не е дизајниран да утврди дали вакцината го предизвикала пријавениот немил настан.