ХРОНИКА

Монструмот од Кисела Вода кој ја креирал ,, Јавна Соба ” е женет и татко

Image result for arested pedophile

Јавноста, а особено родителите се кренаа на нозе откако беше обелоденето постоењето на групата „Јавна соба“ на апликацијата Телеграм.

Истрагата која ја води Бирото за јавна безбедност за случајот со групата “Јавна соба” на Телеграм, продолжува.

Според информациите на дополнителната министерка Славјанка Петровска синоќа во полиција биле викнати двете лица за кои постојат основани сомненија дека се креатор и администратор на групата.

Во групата имало 7.400 корисници каде малолетници и возрасни објавувале, споделувале и коментирале интимни фотографии и видеа со порнографска содржина од малолетни девојчиња од Македонија.

Дел од жртвите сами се појавија во јавноста, но профилите на двајцата администратори и двајцата модератори се истражуваат од надлежните.

Според порталот Курир, станува збор за маж од населба во Општина Кисела Вода, на околу 40-годишна возраст. Неговиот идентитет е познат до нивната редакција, но засега не го откриваат.

Се дознава дека станува збор за женет човек и татко. Во групата „Јавна соба“ меѓу првите објавувал разголени фотографии од малолетнички.

Дел од неговите соседи го препознале по фотографијата на социјалните мрежи. Во текот на вчерашниот ден бил пресретнат од родители на деца кои биле дел од групата, но ситуацијата не ескалирала.

Бидејќи вестите брзо се шират, а ова е мал град, поголем број на луѓе дознале дека токму ова лице стои зад „Јавна соба“. Го пронајдоа на социјалните мрежи и тука почнал хаосот.

Примајќи низа закани бил принуден да ги избрише сите свои профили на социјалните мрежи.

„Јавна Соба“ уште не е отстранета од „Телеграм“. Но, името на групата сега е сменето во „Хм…“. Иако бројот на членовите е намален, сепак активностите не стивнуваат. Телефонски броеви од жени, девојчиња, фотографии, порнографски видео материјал и контакти за проституција, се единствените содржини што се споделуваат едно по друго меѓу 3.900 членови. Активноста е најголема навечер, додека во текот на денот е помала. Има повеќе администратори во групата на „Телеграм“, кои постојано одобруваат барања за нови членови кои може да ги додаде секој постоечки член..

Related posts

Leave a Comment