Свет

Москва ги предупредува Курдите

ЕПА-ЕФЕ / САНА ХАНДОУТ


Москва – Русија ги предупреди курдските борци дека повторно ќе се соочат со турски напад, доколку не ги повлечат своите сили во согласност со договорот помеѓу Турција и Русија.

Предупредувањето на Кремлин следува еден ден откако претседателите Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган се согласија да ја поделат контролата врз североисточна Сирија.

Според договорот, Турција ќе ги задржи областите што ги нападна, додека руските и сириските сили ќе ги контролираат останатите по должината на сириско-турската граница, пренесува АП.

Со овој договор, на курдските борци им беше даден рок од 150 часа, почнувајќи од пладне, да се повлечат од областа во североисточна Сирија.

Портпаролот на Кремлин, Дмитриј Песков, ги предупреди Курдите дека ако не го сторат тоа, руската и сириската војска ќе се повлечат и дека „турската армија ќе ги прегази преостанатите курдски единици“.

Related posts

Leave a Comment