Москва – Руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните сили уништиле украинска единица која користела американски хаубици од типот М777.
Како што јави агенцијата РИА Новости, Украина минатата недела ги постави најголемиот дел од 90-те испратени американски хаубици од типот М-777 на фронтот, што претходно го соопшти и американската амбасада во Киев.Ројтерс тогаш објави дека М-777 бил дел од голема пратка хаубици од САД, со намера да и помогне на Украина да се одбрани од рускиот напад, а бил дел од најновата американска помош вредна 800 милиони долари наменета за Украина.
Батарея самоходных орудий «Гиацинт-С» уничтожила украинское подразделение 155-мм буксируемых гаубиц «М-777» производства США. Видео Минобороны РФ pic.twitter.com/Xi64ZnbHBO
— НТВ (@ntvru) May 23, 2022