Претседателот на Лион, Жан-Мишел Аулас му понуди на Жозе Мурињо позиција тренер во неговиот клуб, но Мурињо одби и рече дека веќе имал договор за нов ангажман.
“Се обидов да го убедам Жозе Мурињо да го преземе клубот. Сепак, тој ме одби затоа што се соочува со ангажман во друг клуб”, потврди вчера Аулас пред француските медиуми.
Наместо Мурињо, Лион најверојатно ќе го преземе Лоран Блан, а португалскиот стручњак веројатно ќе го преземе Тотенхем, пренесува „Дејли мејл“.
Тотенхем се наоѓа на деветтото место по осум кола одиграни оваа сезона што е далеку од она што го очекува раководството на клубот. Маурисио Покетино ги одведе во финалето на ЛШ минатата сезона, но тие не блескаат во годинешното натпреварување. По ремито со Олимпијакос во Грција, тие катастрофално беа поразени од Баерн во Лондон (2: 7).
Жозе е без работа речиси една година, а последниот клуб што го водеше беше Манчестер Јунајтед, од каде беше отпуштен во минатиот декември.