Свет

На крузерите со заразени патници им е дозволено да се вкотват на Флорида

Cruiseschepen Zaandam en Rotterdam mogen aanmeren in Florida

На крузерите кои носат патници заразени од коронавирус им е дозволено да се вкотват на Флорида, пренесува Скај њуз.

На Крузерите  „Зандам“ и „Ротердам“ им е одобрено да се вкотват на пристаништето во Порт Евергладес, Флорида, по неколкудневните преговори со локалните власти.

Четири постари лица починале на „Зандам“, а најмалку две лица починале од последиците од инфекција со коронавирус, според „Карневал Корп“, кој ги поседува овие крузери. Компанијата исто така потврди дека претходно оваа недела девет лица од крузерите билее позитивни на тестот за вирусот.

Од Компанијата „Холандија Америка“, која е оператор на крстарењето, известува дека 45 патници кои се заразени и кои покажуваат благи симптоми на болеста, ќе останат на крузерите сè додека не оздрават, а 10 патници ќе треба да бидат пренесени во болницата Порт Евергладес за итен третман.

Патниците и персоналот кои не покажуваат никакви симптоми на болеста ќе бидат пренесени до аеродромот со автобус, но нема да им биде дозволено да бидат на терминалите до поаѓањето на авионите, но веднаш ќе бидат сместени во нив. Преносот на патниците ќе се изврши во согласност со препораките на Американскиот центар за контрола и превенција на болести. Патниците ќе носат маски, а нивниот контакт со други лица ќе биде ограничен. Повеќето од нив ќе бидат пренесени во нивните домови со чартер летови.

„Зандам“ и „Ротердам“ беа на море три недели откако се вратија од пристаништата во Јужна Америка и за тоа време не им беше дозволено да се вкотват  во Соединетите држави.

Зандам има 442 патници и 603 членови на екипажот, додека Ротердам има 808 патници и 583 членови на екипажот.

Патниците не ги напуштиле крузерите од 14 март, а од 22 март се наоѓаат во самоизолација во нивните кабини.

Related posts

Leave a Comment