Во Националниот архив на Велика Британија е пронајден документ од 1991 година, во кој западните земји ја декларираат недозволивоста на проширувањето на НАТО на исток, пренесува Spiegel.
Документот со ознака „тајна“ содржи записник од средбата на претставниците на министерствата за надворешни работи на САД, Франција, Германија и Велика Британија за безбедноста во Источна и Централна Европа. Го открил професорот Џошуа Шифринсон од Универзитетот во Бостон.
Според документот, учесниците на состанокот за време на преговорите 2 + 4 за статусот на Германија по нејзиното обединување го сметале за „неприфатливо“ членството на источноевропските земји во НАТО.