ПолитикаРегион

На фудбалерите на Црвена звезда не им е дозволено да влезат во Косово

Фудбалерите и раководството на Црвена звездабеа вратени од граничниот премин Јариње,со што беа оневозможени  да го одиграат натпреварот од шеснаесет финалето на српскиот куп закажан за 2 часот во Звечан против ФК Трепча. Директорот на белградскиот клуб, Звездан Терзиќ, изјави пред новинарите дека косовската влада им забранила влез на Косово и Метохија.

Еден автобус со фудбалерите на Црвена звезда ја напушти Рашка, јавуви репортерот на косовонет од местото на настанот.

Зголемените сили на косовската полиција беа стационирани на преминот Јариње со две специјални полициски возила.

 

Претходно денес, директорот на ФК Трепча, Бојан Јакшиќ, за Косовонет изјави дека натпреварот е забранет.

Навивачите на Црвена звезда од Звечан и другите делови на северно Косово, како и од централна Србија, исто така беа на преминот Јариње, каде што пееја клубски и песни за Косово.

Related posts

Leave a Comment