„Тврдам дека Путин стои зад тоа злосторство и немам друга верзија за тоа што се случи“, рече Навални во интервју за германски „Шпигел“, чиј само еден дел беше објавен пред последното објавување.
На Навални му се слошило во авионот додека бил на турнеја низ Сибир, веднаш бил пренесен во болницата во Омск, каде што паднал во кома, а потоа во Берлин, каде што германските лекари изјавија дека е отруен од силен нервен гас.
Говорејќи за моментот кога започнал да делува нервниот гас, Навални рече дека во тој момент, човекот не чувствува болка, но дека знае дека умира.
Навални исто така рече дека ќе се врати во Русија.
Западот, според Ројтерс, побарал објаснување од Кремљ, кој негира каква било вмешаност во инцидентот.
За разлика од Навални, Претседателот на долниот дом на рускиот парламент Дума го обвини опозиционерот Алексеј Навални дека работи за западните тајни служби и рече дека рускиот претседател Владимир Путин не стои зад неговото труење, туку дека тој му го „спасил“ животот, пренесува агенцијата Итар-Тасс.
“Навални е бесрамник и ништожник. Путин му го спаси животот … сосема е очигледно дека Навални соработува со специјалните служби и властите на западните земји. Тој работи во нивен интерес”, рече претседателот на Думата, Вјачеслав Володин.