Свет

Насрала негира дека испратил борци на Хезболах во Украина за да ја поддржат Русија

Hezbollah leader says he does not want war with Israel but is ready for it  | Atalayar - Las claves del mundo en tus manos

Лидерот на либанскиот Хезболах Саид Хасан Насрала денеска ги негираше извештаите за испраќање борци и експерти да се борат на страната на Русија во Украина, јави либанската телевизија Ал Мајадин.

„Никој од Хезболах, ниту борец ниту експерт, не отиде во таа арена или која било арена од тие војни“, рече Насрала.

Минатата недела рускиот претседател Владимир Путин одобри распоредување на околу 16.000 доброволци од Блискиот Исток со борци кои ја поддржуваат Русија да се бори во Украина, потсетуваат агенциите.

Проиранскиот Хезболах и Русија се на страната на силите на сирискиот претседател Башар Асад во граѓанската војна во земјата.

Related posts

Leave a Comment