Свет

НАЦИ ТЕРОР ВРЗ ЖИТЕЛИТЕ НА ХАРКОВ ОД СТРАНА НА УКРАИНСКИОТ РЕЖИМ

 Ukrajinci otimaju civile tvrde Rusi

Шефот на Центарот за контрола на националната одбрана на Руската Федерација, Михаил Мизинцев, во вторникот изјави дека Службата за безбедност на Украина спроведува рации врз проруското население во Харков. Тој ги откри деталите за грозоморните постапки.

Мизинцев рече дека украинските милитанти во рамките на бригадите за територијална одбрана и Службата за безбедност на Украина спроведуваат рации и апсења на проруски жители на Харков. 

Во Харков, милитантите на баталјонот за територијална одбрана, заедно со офицерите на Службата за безбедност на Украина, спроведуваат рации за да го идентификуваат локалното население кое изразува проруски ставови или ја осудува актуелната украинска влада . „Приведени и одведени во непознат правец  десетици затвореници досега не се вратиле дома “, рече генералот .

Тој додаде дека акциите како оваа во Харков не се изолирани и дека ситуацијата е иста и во другите украински градови.

„Порано беа извршени големи рации во Николаев, Суми, Чернигов и неколку други населби. Овие и други акции на украинските неонацисти директно ја докажуваат нечовечката суровост кон цивилите “, рече тој.

Да потсетиме, руските безбедносни сили кои дејствуваат во областа Херсон откриле, како што тврдат, импровизирана комора за мачење, која според нив ја користеле или неонацистичките борци или украинската армија. Руската безбедносна агенција изјави за Спутник дека зградата во која има тело на маж во руска воена униформа со отсечени нозе е пронајдена во селото Зеленовка, кое е оддалечено околу седум километри од градот Херсон во Украина.

ИЗМАСАКРИРАН РУСКИ ВОЈНИК НАЈДЕН ВО ПОДРУМ ВО ХЕРСОН: Тело без нозе, пресечено грло! (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО!)

 

Масакрираното тело, најверојатно на руски војник, било пронајдено во подрумот на кафулето Стари Храст до автопатот М-14 во Зеленовка. Телото содржи остатоци од специјална воена облека што ја користат руските вооружени сили. Телото нема нозете, а гркланот е пресечен“ , беше речено.

Related posts

Leave a Comment