Свет

Најголемиот блам на Зеленски: Свиреше на клавир со половиот орган цели пет минути(ВИДЕО)

Неговото алтер его на професор кој се буди од сон и сфаќа дека станал претседател на Украина наскоро го доби своето отелотворување во реалноста

До пред неколку години , Владимир Зеленски, претседателот на Украина , беше комичар .

Зеленски стана претседател на Украина во 2019 година, на општо изненадување на јавноста.

Политичката кариера ја започна во март 2018 година, основајќи ја партијата „Слуга на народот“.

Невообичаена градација

Завршил студии на Правниот факултет, а потоа станал една од најголемите актерски ѕвезди на земјата, најпопуларен комичар, а потоа и претседател.

Иако може да се пофали со диплома од споменатиот факултет, Владимир тогаш решил кариерата да ја продолжи во сосема поинаква насока, па набргу по дипломирањето почнал да се занимава со комедија и стенд-ап претстави.

На интернет платформата Јутјуб сè уште има негови изведби, на кои тој е прикажан како свири на клавир во тандем со пријател со половиот орган.

Приложеното видео стана исклучително популарно и споделено на сите социјални мрежи, во времето на украинската криза.

Глумеше во руско-украински комедии

Зеленски имаше улога во руско-украинската романтична комедија „Канцеларија за романса“. Тој исто така го играше Наполеон во 2012 година, во друга руска комедија. Таа година се појави во друга комедија, руско-украинска продукција.

Видеото е направено пред пет години, додека Зеленски се уште не бил во светот на политиката.

Потоа, меѓу другото, глумеше професор кој еден ден се разбудил и открил дека станал претседател на Украина. Тоа всушност се случи во 2019 година.

Related posts

Leave a Comment