Свет

Најмалку 15 убиени во воздушен напад во Сирија

Најмалку 15 лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во воздушен напад врз село под контрола на бунтовниците во северозападна Сирија, соопштија денеска активистите на опозицијата.

Активистите велат дека нападот го извршиле руски воени авиони, пренесува АП.

Нападот зафати живинарска фарма во селото Марет Мусрин, во која беа сместени неколку илјади внатрешно раселени лица.

Нападот се случи неколку часа пред средбата на рускиот и турскиот претседател Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган во Москва кои разговараа за деескалација на кризата во северозападниот дел на сириската провинција Идлиб.

Related posts

Leave a Comment