Регион

Нема оправдување за агресијата на НАТО : Српскиот претседател Вучиќ го критикуваше НАТО за бомбардирањето во 1999 година

 

БЕЛГРАД, 10 јуни. Организацијата на Северноатлантскиот договор немаше причина да ја нападне Србија во 1999 година, па согласно тоа не може да има изговор за тој насилен акт на воинственост, рече српскиот претседател Александар Вучиќ на заедничката прес-конференција со американскиот заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, Метју Палмер во понеделникот во Белград.

“Ставот на НАТО пред 20 години беше апсолутно неоправдан, верувам дека немаше доволна причина за агресија врз Србија, изгубени се многу човечки животи, нашите автопатишта, железничката, економската како и нашата целосна државна инфраструктура беше уништена. Верувам дека нема логично и здраворазумско оправдување за ова. Српскиот народ плати цена што не ја заслужил. Се надевам дека по десет години од сега, оние што го направија тоа, ќе го разгледаат ова прашање не од геополитичка точка но од гледна точка на вистината и правото на таков мал народ како Србите да живеат како што прилега “, рече Вучиќ во одговор на прашањата за медиумите.

Неговата изјава следеше  по забелешката на Палмер за нападот на Северноатлантската алијанса во 1999 година и неговиот повик упатен до Србите да ја проектираат својата иднина.

“Ние разбираме колку е чувствително прашањето на интервенцијата на НАТО во Косово за луѓето во Србија. Секако, жалиме за губењето на животите кое беше дел од таа интервенција, но НАТО ја донесе таа одлука од причини кои се сосема одбрамбени. и дека наместо да гледаме назад и да бараме повторно да го анализираме минатото, би можеле да ги поттикнеме сите да гледаат напред “, рече тој.

Вучиќ се согласи со потребата да се размислува за иднината.

“Треба да се фокусираме на иднината”, рече Вучиќ, додавајќи дека според неговото мислење  иднината на Србија имплицира добри односи со САД и дека ќе стори сé за да се изградат добри односи со таа земја. “Мораме да правиме разлика во нашите глави, мора да бидеме способни да го почитуваме нашето минато и нас самите, но пред сè мораме да ја почитуваме иднината на нашите деца и да размислуваме за тоа”, рече тој.

НАТО агресија

НА 24 март 2019 година се одбележаа 20 години откако НАТО започна кампања на воена агресија против Југославија. Бомбашките напади започнаа без зелено светло од Советот за безбедност на ОН. НАТО тврди дека тоа, наводно е  направено поради спречување на геноцидот на косовското етничко албанско население, Според веб-страницата на НАТО за време на операцијата која траеше 78 дена, авионите на НАТО имаа 38.000 летови. Повеќе од 10.000 од нив беа бомбашки напади.

Според западните статистички податоци објавени од Хјуман рајтс воч,во  бомбардирањата загинаа 500 цивили и околу 1.000 воени лица. Според српските извори, бомбашките напади убија 2.000 цивили. Неколку стотици други исчезнаа. Околу илјада воени лица беа убиени. Воено-индустриската инфраструктура на Србија беше уништена. Вкупно 1.500 населени места беа мета, 60 мостови, 30% од училиштата и 100 споменици беа уништени. Материјалната штета предизвикана од бомбашките напади е проценета на 30 до 100 милијарди долари. Некои објекти не се обновени до денес. Бомбардирањата на рафинериите за нафта и на петрохемиските комплекси го загадија водниот систем на земјата со токсични хемикалии.
Некои експерти велат дека оние области на Србија кои биле нападнати со бомби со осиромашен ураниум, доживеале епидемии на рак.

 

 

Related posts