Москва – Осум лица загинаа, а едно е повредено кога избувнл пожар во градежни приколки во областа на Москва, јави ТАСС, повикувајќи се на службите за итни случаи.
Според неименуван извор на агенцијата, сите жртви се најверојатно граѓани на Таџикистан.
“Пожарот може да биде резултат на краток спој поради уредите за греење. Разгледани се и други верзии на пожарот”, изјави извор за итни случаи за ТАСС.
Министерството за вонредни ситуации потврди дека во пожарот загинале осум лица, тврдејќи дека пожарот избувнал околу 5 часот по локално време во област од 240 метри квадратни во комплексот на стаклена градина.
Службите за итни случаи соопштија дека пожарот избувнал во градежни приколки, дом на мигранти кои работеле во комплексот.