Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го замоли рускиот претседател Владимир Путин да ја помилува израелката Нама Изахар
Во Русија, таа е осудена на седум и пол години затвор за трговија со дрога.
Во изјавата од кабинетот на Нетанјаху се потсетува дека и израелскиот претседател Рувен Ривлин му испратил на Путин официјално барање за ослободување на Изахар.
Нетанјаху често ги истакнува своите добри односи со Путин, потсетува АП.
Нама Изахар (26) минатата недела беше осудена на седум и пол години затвор, откако беше уапсена на меѓународниот аеродром во Москва во април откако во нејзината торбабеа пронајдени 9,6 грама марихуана.
Израелските власти ја оценија казната како претерана и посочија дека Русија сака да ја ослободи Израелката во замена за рускиот хакер Алексеј Бурков.
Во Израел во тек е процедура за екстрадиција на Бурков во САД.