Бројот на луѓе ширум Европа, кои се идентификуваат како жртви на трговија, се зголеми за скоро половина меѓу 2015 и 2018 година, според Советот на Европа.
Најмногу идентификувани жртви на трговија со луѓе во 2018 година пријавиле Велика Британија (6993), а потоа следат Франција (2819), Италија (1373), Холандија (668), Романија (497) и Бугарија (443).
Според најновиот извештај на Групата експерти на Советот на Европа за трговија со луѓе (ГРЕТА), 15 4710 жртви на трговија со луѓе се идентификувани во 47 европски земји во 2018 година, во споредба со 10.598 случаи од 2015 година, што претставува зголемување од 44 проценти.
„Различни земји имаат различен број жртви на трговија со луѓе на различни начини, но достапните податоци покажуваат дека има значително зголемување на бројот на лица кои се идентификуваат како жртви на ова ужасно злосторство“, вели претседателот на ГРЕТА Давор Деренчиновиќ.
Советот на Европа предупредува дека проблемите со процесот на идентификација и самата „скриена природа“ на трговијата со луѓе укажуваат дека бројот на жртвите во реалноста би можел да биде многу поголем.
Исто така, се наведува дека сегашната криза предизвикана од пандемијата COVID19 ја влошува веќе тешката состојба на жртвите на трговија со луѓе кои може да се најдат без медицинска или социјална заштита и без документи и ресурси да се вратат дома.
Исто така, предупредуваме дека криминалците можат активно да ја користат оваа глобална криза за да ги зголемат финансиските профити генерирани од трговијата со луѓе.