НИКОЈ НЕ Е ТОЛКУ ГЛУВ/ СЛЕП КАКО ОНОЈ ШТО НЕ САКА ДА ЧУЕ/ ВИДИ
Како оној човек , војник во првата светска војна, кога излегол од рововите, додека околу него паѓале гранати и извикал- ‘ Што правите?! Овде има живи луѓе!‘ Е,така ми се виде гестот на членовите на исландската група ‘Хатари‘, која со шалови со знаме и натпис ‘Палестина‘ беше во кадар неколку секунди.- Што правите, надвор, во Палестина, умираат луѓе?! Израел и денес, кога светот има масовна забава и игра Евровизија наречена, бомбардира! А,таму има луѓе!
Штета што нема некакво гласање, статистика некоја, колкумина од тие 200 милиони луѓе, за кои се смета дека го следеле преносот од Тел Авив, ја сфатиле пораката, ја слушнале таа протестна нота, се сетиле на Палестина. Незначител број. Недоволен за промена на свеста. Глуво човештво. Светот не сака да слушне! Каква иронија, токму како еврејската поговорка: ‘ никој не е толку глув како оној што не сака да слушне‘. Светот е глув! И никој не е толку слеп како оној што не сака да види. Светот е слеп!
Дајте им на луѓето забава и игра‘, и ќе можете да го играте како сакате. Не ми текнува која кралска фацка го има кажано ова, но со сигурност знам дека е дел од стратегијата на ционистите, банкарите, масоните, глобалистите ,по ново. Имињата им се менуваат но стратегијата им е константа.Запишана им е во Протоколите. Ние можеме да мислиме дека се измислица, дека се теорија на заговор, но заговор е само дека се измислица. Толку за тоа, овде и сега.
Во сенка на гламурозната затапувачка забава за ‘широки народни маси‘, во сенка на гламурозниот евровизиски сјај на бедата и мизеријата на површноста, Палестинците организираа Глобалвизија, со цел да го свртат вниманието на своето повеќедецениско страдање. Накба. Што во превод значи- Катастрофа. А таа катастрофа, таа Накба, трае цели седум децении! 71- годишна катастрофа, всушност, геноцид и не само физичко уништување туку и духовно ,културно, коренско што би се рекло, уништување на историјата, на минатото на еден народ. Од корен корнење.
Само во почеток на мај оваа година, при израелските воздушни напади, бомбрдиран е културен центар во којшто се чуваат значајни документи за палестинската култура. Според некои податоци уништени се 10.000 книги и документи за палестинската историја.
Дали светот прогледува, се буди, почнува да слуша? Хм. Можеби. Во секој случај за поздравуање е што освен палестински активисти, во Тел Авив за време на Евровизија, се собират и израелски и меѓународни активисти, со порака- ‘Евровизија не може да ја сокрие украдената земја и геноцидот‘.
Дали ова не потсетува на некоја друга земја, за која Би-Би-Си, со својот британски циничен хумор вели- ‘ Благодарение на импресивната приказна на Тамара Тодевска, светот научи географија и многу повеќе луѓе од целиот свет знаат дека се работи за Северна Македонија.‘ Не пропуштаат да го споменат и преспанскиот договор : ‘Според условите на договорот, на Поранешната Југословенска Република и беше дозволено да си даде ново име.‘ Каква дрскост! Ни било дозволено! Ни дозволиле да си дадеме ново име. Новоземјанци. Северни. А, сега светот преку приказната Гордост, научи географија. Преку македонската приказна во која ГОРДОСТ станува- СРАМ. Затоа што си прифатил да станеш спротивно од она за што пееш дека е гордост да бидеш свој и да не дозволуваш да те обликуваат како што сакаат. Да покажеш интегритет. И гордост! Срам, затоа што си потклекнал, си го дозволил- ма ,сам си барал, а тие ти дозволиле -да бидеш мекотелец, безрбетник. И губитник. Затоа што си ги прифатил правилата кои ги направиле за тебе , за да изгубиш. All the rules are made for you to lose. Горди, а безрбетни губитници. Граѓани коса црта. Обезличени новоземјанци. Дрвени железа, оксиморон/и/.
Дури и Њујорк –Тајмс се шегачи со вас, како туристичка атракција ве претставува, небаре земја на зелени мајмуни- трк на аеродром да ја посетите, да ја откриете новата земја на Балканот. А, ве има! За срам горди, а отпадоци од славната македонска цивилизација, новоземјанци северникосацрташи. Слепи. И, да, никој не е послеп од оние кои не сакаат да видат!
Јас лично, таква нова земја, новатера, норт северна Македонија, не познавам, не ја признавам и за мене не постои тоа модифицирано чудовишно создание. Нелегитимно, патем.
Но , зарем зачудува што ова доаѓа од Британците? Од оние кои со напалм бомби го започнаа македонскиот геноцид 1948 г. Каква случајност, во истата година кога започнува и палестинската голгота. А, светот е слеп и глув и за македонското прашање, за македонската голгота,за македонскиот геноцид. Или, зошто ним би им било гајле, кога мејнстрим медиумите креираат впечаток дека нам ни е тоа гордост.
Е,кога сум веќе кај медиумите-колку македонските медиуми ја пренесуваат веста дека токму на денот кога светот пее, израелската војска го бомбардира Дамаск? Израел со ракети го нападна Дамаск. Наслов на порталот Република. Кликам, ме води до некаков си текст за несреќа на некојаси српска водителка која ја изгубила раката во некоја си несреќа. Се враќам назад, мислам некоја грешка, но ,повторно истиот наслов за водителката која си ја изгубила раката во некоја несреќа. Од настанот Израел со ракети го нападна Дамаск, останал само насловот. А,тоа, за право на вистината, не е случај само во македонското новинарство. Дали самите си ја сечат раката која треба да покажува кон вистината, кон она што се случило или ‘раката‘ веќе им е изгубена во несреќа која можеме да ја наречеме –контролирано дозирано и фризирано известување за прикривање на вистината. Превез на очите на вистината, затоа што да се биде слеп е некако побезбедно?
Соња Манџук