Еден ден откако ја повика конгресменката која неодамна почина, обраќајќи и се како да е се уште жива, американскиот претседател Џо Бајден повторно стана „ѕвезда“ на социјалните мрежи.
Овој пат на интернет почна да кружи ново видео на кое се гледа како американскиот претседател изгледа малку изгубено по неговиот говор. Бајден во четвртокот беше во канцеларијата на Федералната агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА), каде што го пофали нејзиниот одговор на ураганот Иан. Откако го заврши својот говор, американскиот претседател сврте десно и тргна кон толпата, игнорирајќи ги повиците на претставниците на ФЕМА.
На видеото објавено на Твитер, Бајден може да се види како се заблагодарува на толпата, а потоа оди кон толпата. Во тој момент се слуша како функционерот на ФЕМА вели „Господине претседателе“, но тој ја игнорира. Потоа оди да се ракува со луѓето присутни во канцеларијата на ФЕМА, а персоналот на американската тајна служба брзо го следи.
"Mr. President………?" pic.twitter.com/DOdTltF6g1
— RNC Research (@RNCResearch) September 29, 2022
„Тој тргна во погрешна насока“, коментира еден корисник на Твитер.
„Ова е трагично. Можеме да зборуваме за политика и дали е способен за функцијата, но откако гледавме видео по видео од вакви сцени, ни ги крши срцата. Без сомнение, јас сум конзервативец, но овие сцени ме растажуваат. Се молам за него“, гласи друг коментар.